Иако најголем број одговори би биле, во Њу Јорк, Лондон или Монако, сепак работите не стојат така. Најновите истражувања покажуваат дека најмногу милионери живеат во Токио.
Новата студија на лондонската независна истражувачка компанија WealthInsight, покажа дека Токио го презеде приматот на град со најмногу жители чиј имот поминува милион долари. Во тоа се вбројуваат и вредноста на куќите во кои живеат.
Според податоците во Токио живеат дури 461.000 милионер. После него е Њу Јорк со 389.000, а следен на листата е Лондон со 281.000, па Париз со 219.000 и Франкфурт со 217.000.