Како да ја запрете забоболката без да одите на стоматолог?

24 февруари, 20170
12

Забоболката знае да донесе многу нервози и ретко кој може да ја поднесе.

Заболените заби болат кога се смеете или муртите, кога јадете или пиете, кога ја мрдате главата во било кој правец, а понекогаш болат и кога дишете, бидејќи во устата влегува ладен воздух и поминува преку болниот заб.

Единствен кој може да ја дознае причината за болката е вашиот стоматолог. Но, некогаш ви треба итно да ја запрете болката, а немате можност да го посетите стоматологот.

Ова се неколку совети со кои може да ви помине болката во забот:

Кокосово масло

Потребна ви е една кафена лажица каранфилче во прав и исто толку кокосово масло.

Измешајте ги состојките додека не се соедини смесата. Смесата можете да ја ставите во мала стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер.

Земете мала количина со помош на стапчиња за уши и ставете ја на болниот заб.

По 2 минути ќе почувствувате олеснување, бидејќи каранфилчето содржи силен аналгетик, а кокосовото масло има антибактериско дејство.

Жалфија

Сварете чај од жалфија, оставете го 10 минути да се излади и исперете ја устата со него. Обидете се да го задржите растворот што подолго во устата.

Прополис

Земете малку прополис и ставете го на болното место.

Лук

Ставете мало чешне лук помеѓу непцето и внатрешноста на образот, покрај заболениот заб. Болката брзо ќе исчезне.

Масажа со рака

Земете коцка лед и масирајте со делот помеѓу палецот и показалецот, со раката од спротивната страна на страната на која ве боли забот. Доволно е 5-7 минути.

Масирајте го увото

Со показалецот и средниот прст масирајте го крајот на увото од страната каде што ве боли забот. Масажата треба да трае околу 7 минути.
Сепак, сите овие решенија се само привремени, па веднаш штом ќе бидете во можност, посетете го вашиот стоматолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi