Многу иритира што на телефонот не може да се прави ништо додека се слуша музика на „Youtube“. Меѓутоа, пристигнува решение.
Наскоро ќе може нормално да се користат сите опции на телефонот, а притоа во позадина да се слуша музика од „Youtube“ или некој друг видео запис.
Ако сте корисник на „Android“, се што треба да сторите е „YouTube“ да го отворите преку „Google Chrome“, а потоа да ја најдете опцијата „мени“, односно да кликнете на трите точки кои се наоѓаат во горниот десен агол на екранот. Кога ќе ги погледнете опциите, активирајте ја „Request desktop site“, oдностно „Барање за класичната страна“.
По тоа само треба да ја изберете песната, да ги прифатите „поп-аповите“ кои „YouTube“ ќе ви ги понуди и апликацијата ќе ви работи во позадина, додека нормално го користите телефонот.
Ако песната престане кога ќе го напуштите „Chrome“, само со прстот повлечете надоле и ќе го отворите вашиот класичен контролен пребарувач ќе отворите каде што има кратенка и едноставно повторно ќе ја пуштите песната или ќе изберете некоја друга.
За корисниците на „iOS“ работата е уште поедноставна. Ако користите „iPhonе“, само треба „YouTube“ да го отворите преку пребарувачот „Dolphin“ и апликацијата нормално ќе ви работи во позадина на телефонот.