Како да вежбате за слабеење, а како за подолг живот?

popara23 мај, 20171min00
4

Дали се подобри брзи или долги тренинзи? Експертите даваат препораки како е најдобро да вежбате во зависност од вашите потреби: слабеење или одржување на формата.

Ако сакате да слабеете најдобри се наизменични кратки интензивни вежби во комбинација со кратки периоди за одмор што ќе има подобри ефекти и по вашето здравје во споредба со бавно или умерено кардио.

Интензивните вежби High Intensity Interval Training (HIIT) се изведуваат со околу 80 до 95% од максималниот број на срцеви отчукувања и траат од 5 секунди до неколку минути. Пред да почнете со ваков тип на вежбање осигурајте се дека сте во одлична здравствена и кондициона состојба.

Ако сакате да живеете подолго и поздраво најважно е да бидете континуирано активни.

Едно неодамнешно истражување ги опфати навиките на физичка активност кај 63.591 испитаник во периодот од 12 години. Резултатите покажаа дека ризикот од смрт од каква било здравствена причина бил за 30% понизок кај „викенд воините“, односно луѓе кои ја концентрираат физичката активност во една или две сесии во текот на викендот, секој викен, во споредба со неактивни возрасни луѓе.

Луѓето кои оделе на енергични 30-минутни прошетки пет дена неделно имале слични позитивни ефекти на здравствената состојба, како и оние кои оделе на едно пешачење од 150 минути неделно.

Во секој случај, какава било физичка активност е подобра од седечки начин на живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma