
Ќерката на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, Парис Џексон (19) на својот профил на Инстаграм објави слика на која позира во топлес издание.
Деветнаесет годишната русокоса убавица веќе на сите јасно им стави до знаење дека не се срами да го покаже своето голо тело. Овој пат, со порака објасни и што за неа претставува голотијата.
– Да се биде гол е дел од она што нѐ прави луѓе. Мене ми помага што повеќе да се поврзам со мајката природа. Обично седам гола во градината. Тоа навистина е прекрасна работа и не мора да биде претставена на сексуален начин како што тоа го прават многу холивудски ѕвезди – напиша Парис на Инстаграм.
Постојат различни методи на апсорпција на енергија, додава Парис, но нејзиниот омилен е впивање на Земјините вибрации преку контакт со почвата со боси нозе.