Свештеник и управител на католичката школа на Филипини, Арнел Фуентес (55 години) е отстранет од својата позиција откако минатата недела беше фатен како вози 13 годишно девојче во мотел.
Свештеникот е оптужен дека преку социјалните мрежи договори состанок преку посредник и му платил 7,47 британски фунти, за секс со 13 годишно девојче.
Против Фуентес е подигната тужба за трговија со луѓе, педофилија и силување.
“Свештениците не се светци, туку се многу грешни“.
Жрвата изјави дека ова е трет состанок по ред во истиот мотел со истиот свештеник, кој и се заканувал со пиштол доколку оди со други мажи.