Ќе се гради музеј посветен на Шумахер

popara11 октомври, 20171min00
2

Во декември 2013 година поранешниот Ф1-шампион, Михаел Шумахер, доживеа несреќа при скијање и до денес, освен неговото семејство и лекарите, никој не знае каква е неговата вистинска состојба. Повремено се шпекулира дека е подобро, потоа дека е полошо, а се пишуваше и дека нема можност некогаш да оздрави. Единствената реална потврда стигна во септември минатата година кога беше потврдено дека Михаел не може да оди, ниту да стои.

Сепак, фановите на Шумахер имаат нова надеж поради неодамнешната изјава на неговата менаџерка Сабине Кем. Зборувајќи за музејот на Шумахер, кој е во фаза на подготовка, таа рече:

„Во годините кога се натпреваруваше, Михаел ги чуваше своите автомобили за себе заедно со шлемовите и костумите што ги носеше. Но, ние планираме да ги покажеме јавно пред неговата публика“, рече таа.

Поради зборот „ние“ во нејзината изјава фановите, имаат надеж дека Шумахер е доволно свесен и дека учествува во плановите за опремување на неговиот музеј.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag