На најубавиот ден во својот живот, индискиот лекар Ашок Јадава, не ни можел да претпостави што ќе му се случи.
Имено, Ашок требало да се венча и додека сите гости чекале да пристигне невестата и да почне церемонијата, пред објектот пристигнал џип и во салата влетала млада жена вооружена со пиштол, која го киднапирала младоженецот.
Индиските медиуми јавија дека девојката е идентификувана како колешка на Ашок, со која работеле заедно во една приватна болница.
Според истите извори, Ашок бил во љубовна врска во неговата колешка и и ветил дека ќе ја земе за жена. Меѓутоа, согласно индиската традиција, неговите родители веќе му имале избрано жена, па тој морал да ја почитува одлуката на семејството и да се согласи на договорениот брак.
Затоа Ашок ја раскинал врската со девојката и ги прекинал сите контакти со неа.
https://www.youtube.com/watch?v=QdjwF9lVjTw