Се наоѓаме во тој период од годината кога едноставно летните гуми повеќе не ви вршат работа, но не е доволно ладно за да ги ставите зимските гуми на вашиот автомобил. Но, која е поточно разликата помеѓу овие два типа на гуми?
Не се работи само за тоа колку гумите можат да издржат во снег, туку и колку ладно можат да поднесат самите гуми.
Летните гуми се стврднуваат на ладни температури и стануваат потврди, додека составот на зимската гума всушност ја прави помека на ладни температури, што пак помага за гумата подобро да се „залепи“ за асфалтот.
Екипата на YouTube каналот преку информативно видео проба да ја објасни разликата помеѓу двата видови гуми.