Американската агенција Bloomberg се обиде да пресмета колку заработува еден производител на автомобили од своите модели. Сметките се направени за пазарот во САД, а во основа се финансиските резултати објавени од страна на водечките премиум компании.
Според Bloomberg, минатата година германската компанија Porsche продала 238.000 нови автомобили, што носи профит од 4,1 милијарди долари. Тоа значи дека од секоја продадена машина, Porsche инкасирал чисти 17.250 долари. Треба да се прецизира дека тоа сепак е доста условна бројка, бидејки компаниите заработуваат не само од продажба на автомобили. Има уште приходи од резервни делови, сервисни услуги, инженеринг, развој за други производители и редица други елементи.
Најдобар останува Ferrari, каде што секој продаден автомобил и носи на компанијата околу 90.000 долари профит. Од Bloomberg дополнуваат дека кај Италијанците 30% од приходите доаѓаат од продажба на мотори, различни предмети, како и од парковите за забава кои компанијата ги изгради на неколку континенти.
Добро заработуваат и другите германските производители, додава агенцијата. Концернот Daimler AG заработува околу 5.000 долари од секој продаден нов автомобил Mercedes-Benz, а горе-долу толку е и резултатот на BMW.