Mercedes и официјално со тизер го претставија новиот концепт за нивниот Maybach Vision модел, кој покажува многу малку – од видеото може да се забележи долга предница и задница, со црвена лента на средината, како и подобар увид во кабината.
Според прикажаниот ентериер може да се претпостави дека се работи за кабриолет верзија на Vision Maybach 6 концептот претставен на 2016 Paris Motor Show.
Минатата недела, некои од врвните дизајнери од Mercedes ветуваат дека новата дизајн студија ќе биде „големо изненадување“ и ќе претставува „икона“ кога ќе пристигне.
Не се откриени никакви дополнителни детали во врска со возилото, освен дека целосно ќе биде претставено во текот на летово, а некои сметаат дека тоа најверојатно ќе се случи на настанот Pebble Beach Concours d’Elegance кој треба да се одржи подоцна месецов. На истиот настан откривање на нови модели веќе имаат закажано BMW и Aston Martin.
BMW треба да го прикажат концептот на наредната генерација Z4, додека Aston Martin би можеле да го претстават новиот Vanquish Zagato.