Куче спасило напуштено 2-годишно дете од смрзнување

popara14 февруари, 20171min00
6

Мајка го оставила своето двегодишно дете на минус 21 степен Целзиусов во Русија, а од смрзнување го спасило куче кое од детето не се одвојувало два дена.

Детето го пронашле жители од реонот каде што било оставено, по што било префрлено во болница со слаба хипотермија и изгледнето, но лекарите потврдиле дека ќе биде добро. Како што тврдат, не би преживеало да не бил таму на помош грижливиот пес.

Неодговорната мајка дома се вратила четири дена откако е пронајдено детето, пишува „Сибериан тајмс“.