Словачката компанија „Аермобил” направи експериментален прототип на летечки автомобил. Тој во иднина ќе мора да се сертифицира како автомобил, но и како летало за да може да се употребува.
За првпат овој летечки автомобил беше презентиран оваа година во Брисел. Во план е во теков на годинава да бидат произведени првите вакви комерцијални возила. Дизајнерите кои работат во компанијата веќе работат на подобрување на функциите и дизајнот на возилото.