Една мајка во Малезија ја клоцнала со нога, се чини во глава, својата тригодишна ќерка пред лифт во зграда, а човекот од службата за обезбедување тврди дека така можеби и го спасила животот.
Имено, на снимката се гледа како се овара вратата на лифтот и девојчето тргнува за да влезе, но запира на повиците на нејзината мајка.
Вратата почнува да се затвара преку неа, а мајката притрчува и со удар со нога го соборува детето пред лифтот.
„Лифтот нема сензори, само внатре во лифтот постои копче за вратата да се задржи отворена. Девојчето имало среќа, вратата за малку ќе ја приклештела. Мајката брзо реагирала и ја турнала“, раскажал чуварот.
https://www.youtube.com/watch?v=TzjzxZyYz2c