Малиот Кори Медисон целиот живот сакал да биде девојче, а трансформацијата ја започнал дури на 11 години, бидејќи дотогаш се плашел од реакцијата на родителите. Но, она што не го знаел дека и неговата мајка го има истиот проблем.
Ерика, или како што е сега позната – Ерик, решил да се соочи со својата желба да стане маж, гледајќи како синот пред неговите очи се развива во прекрасна млада девојка. Додека Ерик бил жена се чувствувал ужасно, на моменти велејќи дека ја презирал бременоста.
„Кога првпат се соочив со себе, чувството беше прекрасно. Но потоа следуваа проблемите, бидејќи не знаев како ќе изгледа мојата иднина и животот на моето семејство“, вели Ерик.
По голем период на хормонска терапија, двојна масектомија и разговори со семејството, Ерик се чувстува како конечно да го има најдено своето место во светот.
„Имам прекрасно семејство, 5 преубави деца кои многу ги сакам, неверојатен сопруг и конечно се чувствувам удобно во својата кожа“, додаде Ерик.
Со заедничка храброст, Кори и Ерик поминале низ тешкиот пат, полн со осудување во очите на општеството.
„Сакав моите родители да бидат горди на мене, не мислев дека ќе им се допаднам како девојче. Но сега сум среќна“, вели Кори.
Нивната приказна достигна голема популарност, па телевизиската мрежа ABC направи прилог за нив.