Мајкл Даглас ќе стане дедо

popara23 август, 20171min00
7

Најстариот син на холивудската легенда Мајкл Даглас, Камерон, го очекува своето прво дете.

Камерон Даглас, проблематичниот син на актерот, лани е пуштен на слобода откако ја отслужи седумгодишната казна поради поседување и продажба на наркотици, а денеска живее сосема нов живот.

„Сонувам големи соништа и денес сум благодарен поради тоа“ – напишал Камерон во коментар до фотографија што ја објавил на ‘Инстаграм’, а која била направена во текот на снимањето модна кампања за еден бренд.

Тој исто така објавил и вест дека неговата избраничка Вивијан Тибс и тој очекуваат принова.