Малкумина знаат, најголемата трагедија во животот на Карлеуша: И го убија вереникот, убиството мистерија

4 јули, 20170
3

Јелена Карлеуша со години е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ со кого има две ќеркички, Ника и Атина. Пред него, таа еднаш беше верена, имаше неуспешен брак и врски со повеќе фудбалери и жестоки момчиња.

Она кое малкумина го знаат е најголемата трагедија во животот на Карлеуша. Таа беше во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, за кого многумина велеа дек е криминалец. Таа беше верена со него во 1999 година, а во нивната врска цветаа рози, се додека тој не беше убиен на 23. март 2000 година. Карлеуша за убиството ги кривеше Аркан и Цеца, со која сеуште е во војна, а по трагедијата, се повлече од сцената, а кога се врати, се врати со песна за покојниот вереник, Балада за Зоран.

Тој беше убиен додека се враќаше од погреб.

Потоа, срцето на Карлеуша го освои бизнисменот Бојан Кариќ со кого неколку месеци беше во брак. Едни велат се разделиле бидејќи немале деца, други дека таа го изневерила со менаџерот, иако таа ги негираше овие тврдења.

Таа беше во врска и со бизнисменот Владо Мариќ, кој порано се забавуваше со хрватската старлета и убавица, Нивес Целзиус.

Се зборуваше дека тој сака да ја ожени и да имаат деца, но таа приказна заврши со раскинување.

Потоа, таа го запозна седум години помладиот Душко Тошиќ со кој и денес е во брак и има две ќерки. На почетокот тој ја излажал дека има 27. а не 20 години.

Карлеуша често изјавува дека има селективна амнезија и не памети ниеден маж пред сопругот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi