
Марјам Набатанзи, 39-годишна жена од централна Уганда, во селото Кабимбири досега родила 44 деца, од кои 38 се живи.
Првите четири бремености ѝ биле близнаци, потоа имала три бремености каде родила петорки, а потоа три бремености со тројки. По тоа уште еднаш имала близнаци, а сите други биле со по едно дете. Децата се на возраст меѓу пет месеци и 23 години и сите ги родила по природен пат. Првата бременост ја имала веднаш откако се омажила, на само 13 години, со човек кој тогаш имал 43 години, а како што сама признала, децата ги раѓала на една и пол година.

Марјам сите свои деца ги зачнала со истиот маж, својот сопруг, кој по последното пораѓање исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Марјам сега е сама со своите деца, сама ја подигнала куќата и ја опремила. Вели дека сака вредно да работи и учи разни занаети за да им обезбеди школување, облека и храна на децата.