Девојче од Јужна Африка, која е родена со вирусот ХИВ, скоро девет години не користи никакви лекови, откако доби терапија во првите неколку месеци по раѓањето – соопштија научниците.
Ваквите случаи на лечење без терапија се многу ретки и се уште научно не можат да се објаснат. Тоа е трет случај забележан кај деца, наведоа научните во Париз за време на меѓународната конференција за сида.
-Овој случај ни дава надеж дека во иднина некои серопозитивни деца нема да има потреба од доживотно лечење – изјави Антонио Фејусај, директор на американскиот Институт за инфективни болести и автор на студијата.
Според неговите кажувања, можен е рецедит како и кај секоја болест, но последните случаи даваат надеж за здравје без терапија.
Девојчето, чие име не е објавено, девет месеци примала класична терапија против ХИВ вирусот. Речиси девет години, вирусот и понатаму не е “буден“ иако девојчето не прима терапија.