Ги спојува елементите на дизајн типични за Мерцедес –Бенц автомобилите со иновации кои до сега не се користеле во бродоградба.
Мерцедес – Бенц, фимра позната по свои квалитетни луксузни автомобили, оваа година произведе ни повеќе ни помалку туку – јахта.
Бројни луѓе ширум светот исчекуваат да видат како изгледа овој модел, а наскоро ќе биде претставена на светската реномирана манифестација „Монако Јахт Шоу“.
Станува збор за 14 метри долга јахта од тип Грантурисмо која ги спојува елементите на дизајн типични за Мерцедес – Бенц автомобиите со иновации досега непознати за бродоградба.
Цената изнесува 1,7 милиони долари. Официјално име на јахтата е Arrow460-Grandturismo, а ја нарекуваат и морска сребрена стрела. Критичарите велат дека станува збор за традиционален дизајн на Мерцедес, кој во исто време е и ретро и футуристички.
На јахтата може да застанат само 10 луѓе, има големи прозори, ентериерот е од дрво и кожа, а посегнува брзина од 30 чвора. Идејата за изградбата на јахта Мерцедес ја најави уште во 2012 година
Оваа луксузна јахта чини 1700000долари, а ќе постојат само десет во целата серија.