Миша Бартон била издрогирана додека пиела

1 февруари, 20170
1

Ова е лекција за сите млади жени.

Миша Бартон била хоспитализирана минатата недела откако соседите и јавиле неколку пати на полицијата во врска со врева која доаѓала од нејзиниот стан во Западен Холивуд.

Додека раните извештаи навеле дека и се прави ментална проценка, актерката излезе со изјава во врска со причината за нејзиното чудно однесување и и последователна хоспитализација – и ова е важна приказна за жените сегде.

Бартон објасни во нејзината изјава дека таа била издрогирана со ГХБ, исто така позната како дрогата за силување на состанок, додека била излезена на пијалок со пријатели.

„Во текот на вечерта на 25-ти, излегов со група на пријатели да го прославиме мојот роденден. Додека пиев, сватив дека нешто не е во ред и дека моето однесување стануваше хаотично и ова продолжи да се интензивира во текот на следните неколку часа,“ Бартон наведе во изјава за списанието People.

„Доброволно отидов да побарам професионална помош, и бев информирана од персоналот дека ми дале ГХБ. Откако поминав една вечер таму, вратена сум дома и добро сум,“ таа продолжи. „Би сакала многу да се заблагодарам на професионалците во болницата Седарс-Синај за нивната одлична грижа и професионализам. Ова е лекција за сите млади жени сегде, секогаш бидете свесни за вашето опкружување.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi