Деветгодишно момче кое си играло “криенка” со својот помлад брат, сметало дека сефот е одлично место за да се скрие, но тука останал заробен три часа пред да биде спасен од пожарникарите.
Се се случило во петокот во домот на дедото на момчето, кој во тоа време не бил дома, а единствен го знаел кодот за отварање на сефот.
Членовите на семејството успеале да го “лоцираат” момчето, но не успеале да го отворат сефот бидејќи не ја знаеле шифрата, па во помош повикале пожарникари.
Пожарникарите најпрво се обиделе да напишат разни комбинации на шифри, но не успеале. Потоа морале да ставаат кислород низ отворите на сефот за да може момчето да дише.
Три часа подоцна, кога пожарникарите веќе биле решени да го обијат сефот, некој ја погодил шифрата и дето било ослободено.