Мусака од модар патлиџан
5 мај, 20170
Потребни спостојки:
- 1кг. Модар патлиџан
- 500гр мелено месо
- 200гр брашно
- 2лаж. Кисела павлака
- 1 главица кромид
- 7 јајца
- Сол.
- Бибер
- 1 дл. Масло
Начин на подготовка:
- Се лупи Модриот патлиџан. Се сечка по должина на кришки од по половина см. Патлиџанот се потопува во чинија со ладнао-солена вода, за да ја изгуби горчината.
- Се матат 5 јајца и се посолуваат, во друг тањир се става брашно. Патлиџанот се процедува и секое парче се валка во брашно па потоа во јајца и се пржи на масло додека да добие златно жолта боја.
- На масло да се издинста ситно сечкан кромид, меленото месо, сол, бибер и се добро се пропржува.
Се матат две јајца, млеко и павлака, се посолува и побиберува.
4. Во ватростален сад се редат по ред похованите патлиџани, преку се распоредуваат , пола маса фил со месо,се залива со една третина од филот од јајца и млеко. Потоа се реди другиот ред на палиџан, месо, и прелив. На крајот, се завршува со ред од патлиџан и се прелива со преостанатаиот прелив со млеко и јајца. Се пече во рерна загреана на 200.C , се пече 45 – 50 мин.