На 16 годишна возраст била силувана и останала бремена, а после 77 години се случува ова чудо!

popara16 ноември, 20171min00
6

Во далечната 1928 година на тогаш 16 годишната Минка и се случило нешто кое го променило нејзиниот живот засекогаш. Одењето на пикник тогаш било вообичаена активност, но една вечер во шумата таа била нападната и силувана.

Таа останала бремена, а девет месеци подоцна, како што тогаш било вообичаено за една девојка на нејзини години, се породила во тајност. Таа родила девојче на кое му го дала името Бети Џејн, а потоа го дала на посвојување.

Иако таа била многу млада кога го родила детето, дури и покрај грдите околностите што довеле до тоа, Минка не можела да го заборави своето мало девојче.

Таа почнала тајно да се распрашува за семејството што ја посвоило нејзината ќерка, и каков вид на живот живее Бети Џејн, но се помирила со судбината дека никогаш нема да ја види, да ја прегрне или зборува со неа.

Но, точно 77 години подоцна, Минка се повеќе мислела на Бети Џејн. Тивко се молела да ја види барем еднаш пред да умре.

“Боже, јас би сакалa да ја видам ќерка ми пред да умрам. Ветувам дека нема да се мешам или да го нарушувам нејзиниот живот. Јас само сакам да ја видам “, така се молеше Минка. И нејзината желба се оствари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag