После низа иновации на социјалната мрежа Фејсбук ја разгледува можноста за враќање на „боцкањето“ (The Poke). Иако за многумина боцкањето беше нејасно и по малку иритантно, во Фејсбук, се чини, мислат поинаку.
Новото иконче е подобрено „poke“, а се нарекува „Hello“. На икончето прикажана е рака. Корисниците новото иконче би можеле да го употребат кога на некој сакаат да му дадат дознаење дека сакаат да разговараат со него, но не знаат како да го започнат разговорот или им недостасува инспирација за истиот.
Икончето „Hello“ веќе се појавува на мобилните и десктоп верзиите на Фејсбук и кај многу корисници предизвикува негативни реакции.