Најдобрите секс совети за мажи

popara2 февруари, 20171min00
1

Никакви чудни предлози или циркузантски пози – предлагаме чисто задоволство. Ова се секс совети што всушност ќе ги пробате.

Кога станува збор за сексот, може да се чувствуваме премногу комотно.

„Мала промена на работите може да додаде возбуда и спонтаност,“ вели Елен Барнард, секс едукатор и сопственик на A Woman’s Touch, едукативен центар за сексуалност лоциран во Медисон, Висконсин, САД.

Клучниот збор тука е „малку“. Експертите се согласуваат дека не треба да пробувате (или купувате) ништо екстремно за да доживеете ново искуство и зголемување на задоволството. Тестирајте еден или повеќе од овие потези вечерва и уверете се самите.

Имајте „после-игра“

Завршивте со главниот чин? Сега е совршено време да се навратите на предиграта, вели секс едукаторот Емили Нагоски.

Кога вашата партнерка е веќе возбудена, некои потези може да бидат многу интензивни за неа, објаснува Нагоски.

Но не само тоа, ако секогаш сте биле љубопитни да пробате нешто ново, како, некој вид на играчка, одлично време за тоа е после сексот затоа што и двајцата ќе имате помалку инхибиции. Плус, вака немате притисок да биде успешна новата активност. Ќе се забавувате само за забавата.

Отворете ги прозорците – но повлечете ги завесите

Чувството на ветер на вашата гола кожа, како и можноста дека соседите ќе ве чујат како стенкате може да биде многу возбудливо, вели Харлан Коен, автор на книгата „Соблекување“.

Или, ако се чувствувате уште похрабро, можете да иницирате сесија во вашиот двор кога ќе се стемни. Иако е далечен, стравот дека би можеле да ве фатат во чинот ќе предизвика адреналински излив кој ќе додаде возбуденост и чувство на ургентност во текот на средбата.

Чешкајте и ја главата

Скалпот содржи еден тон нервни завршетоци – затоа малата масажа на скалпот кога се шишате е секогаш толку добра.

Иако допирот не е чисто сексуален, контактот од кожа на кожа може да го поттикне текот на врзувачки хормони како окситоцинот што може да направи и двајцата да се чувствувате поповрзани, објаснува Иан Кернер, автор на книгата „Таа доаѓа на прво место“.

И затоа што овој чин не се поврзува автоматски за сексот, тој може да ви отвори пат кон вечер на долга предигра пред главниот настан, што често се губи во долгите врски.

Корумпирајте го каучот

Почнете со бакнување во средношколски стил а потоа засилете ја акцијата со тоа што таа ќе седне на вашето колено. Тука, вие може да се нишате напред и назад додека се бакнувате, што ќе пружи директна стимулација на нејзиниот клиторис, вели Емоли Морс, секс експерт и водител на подкастот „Секс со Емили“.

Ограбете го замрзнувачот

Експертите се согласуваат дека обичните коцки мраз може да ја направат одредена средба многу жешка. Не само што студот на мразот го стимулира истиот дел на нерниот систем што е одговорен за сексуалното возбудување, туку и сензацијата го оттргнува вашиот мозок од работа и го внесува во сегашниот момент, тука и сега.

Земете коцка мраз и движете ја преку нејзините колкови до внатрешноста на нејзините бутови, или замолете ја да го направи истото за вас, предлага Барнард.

Користете лубрикант

Жените кои користат лубрикант на база на вода или силикон го рангирале сексуалното задоволство и исполнетост повисоко отколку кога имале секс без лубрикант, според неодамнешна студија на скоро 2.500 жени на Универзитетот на Индијана.

Да избегнете прекин на акцијата, чувајте лубрикант во масичката покрај креветот или друга фиока што ви е при рака. Потоа, помогнете и да го нанесе сензуално во текот на предиграта, предлага Барнард.

Доживејте ги вашите најубави моменти повторно

Споделувањето фантазии звучи одлично во теорија, но во пракса тоа може да биде комплицирано – дали вашата жена навистина сака да знае што сé би правеле вие со некоја ваша пријателка? (и дали вие навистина сакате да чуете што би му правела таа на Џорџ Клуни?)

Наместо тоа, споделете ги фантазиите во кои учествува таа. Започнете со тоа што ќе се присетите на некои од најизвонредните жешки моменти што сте ги имале заедно во текот на годините. Сте ги доживеале веќе еднаш, па кој вели дека не би можеле да ги имате повторно?

Пробајте нов потег

Секс инспириран од Кама Сутрата може да звучи возбудливо, но ако барате чисто задоволство, пробајте ја едноставната „техника на коитално спојување“.

Во текот на минатите две декади, повеќе студии имаат откриено дека оваа техника постојано води до женски оргазам, дури и за жените кои пријавиле дека имале проблеми со постигнување на оргазам со пенетрација во минатото, вели Деби Хербеник, истражувач-научник на Универзитетот на Индијана и автор на книгата „Поедноставен секс“.

За да ја направите оваа техника: Започнете во мисионерската поза, но движете се надолу при пенетрирањето во неа додека таа се движи нагоре. Целта е да се постигне максимална клиторична стимулација, па затоа можеби ќе морате да експериментирате малку сé додека не дојдете до позата со која вашиот пенис ќе и го пружа најголемото задоволство.

Земете одмор

Одморите можеби доаѓаат само една или два пати годишно, но можете да имате жежок секс како да сте на одмор било кој ден.

„Кога сте на одмор, главно сте фокусирани на задоволство. За да имате слична корист, треба да се внесете во слична умствена состојба дома,“ вели Коен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag