Иако суперсоничниот патнички авион пред повеќе од една деценија отиде во заборав, НАСА одлучи да направи потомок кон друга генерација од овој тип на авион кој влезе во авио-сообраќајот.
НАСА би можела да почне со изработка на прототипот од новиот суперсоничен авион и веројатно ќе соработува со големите компании как што се Lokid Martin, Boing и General dynamics, со цел теоријата да ја претвори во реалност.
Авионот ќе биде модифициран, ќе има суптилна форма со која што полесно ќе дојде до пробивање на звучниот ѕид. Што е уште побитно, ваквиот авион ќе го скрати времето на патување, па летот помеѓу Њујорк и Лондон, кој вообичаено трае седум часа, ќе се сведе на четири часа.
Ова значајна разлика на временското патување и помалата бука би можеле да бидат главни карактеристики овој проект финансиски да оживее.
НАСА планира за изградба на прототипот да вложи 390 милиони долари во наредните пет години и веќе се започнати преговорите со компанијата Lokid Martin околу дизајнот.
Кога ќе можат патниците да го користат овој авион се уште е непознато, меѓутоа НАСА планира со тестирањата да заврши до 2022 година.