Нов материјал кој ќе биде вметнат во телефонските батерии ќе ја зголемува трајноста на батериите.
Корисниците нема да мораат постојано да го полнат телефонот, бидејќи истражувачите од универзитетот во Мичиген и „Корнел“, креирале нов материјал наречен „magnetoelectric multiferroic“.
Станува збор за тенок поларен филм, што може да биде вклучен помеѓу позитив и негатив користејќи мал пулс на енергија. Тој ќе овозможи компјутерите да оперираат на бранови на енергија, отколку на константен проток на струја како што се бара во моментов. Тоа значи дека ќе биде потребна и помала количина на енергија, дури до 100 пати помалку, а и полнењето ќе трае пократко време и ќе биде поретко.
За жал, за вакво нешто ќе мора да се почека, бидејќи истражувачите велат дека ваквата опција ќе биде достапна дури во 2030 година.