Габриел Гарсија Маркес го сакаме поради тоа што неговите дела се обвиени со митови и мистерии, можат да се читаат повторно и повторно.
Тој многу раскажал на човештвото, раскажал десетици волшебни бајки од својот волшебен свет, во кој луѓето можат да сакаат и да живеат реално. Дури и за време на војна и чума.
Издвоивме за вас неколку култни цитати на Маркез од неговите книги и интервјуа, кои вредат да бидат запаметени.
- Проблемот со бракот е што завршува секоја вечер по водењето љубов, а потоа секое утро по појадокот мора повторно да се изгради.
- Не дозволувај да умреш, без да го доживееш чудото – да спиеш со човекот што го сакаш.
- Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој и ги заслужува никогаш нема да те расплака.
- Не е вистина дека луѓето не ги остваруваат своите соништа затоа што се возрасни, возрасни се, затоа што престанале да ги остваруваат своите соништа.
- Секоја работа е жива-потребно е само да ја разбудите нејзината душа.
- Ако ја сретнете вистинската љубов, треба да знаете дека таа никаде нема да побегне од вас- ниту за една недела, за еден месец, за една година.
- Во животот не е важно тоа што ви се случило, туку она на што се сеќавате, и начинот на кој тоа го паметите.
- Ако во нешто е вклучена жена, јас знам дека се ќе биде добро. Мене потполно ми е јасно дека жените управуваат со светот.
- На трпезариската маса може да се сака исто толку како и во креветот.
- Биди насмеан, не и прави задоволство на неволјата.
- Во семејниот живот многу полесно е да избегнеш несреќа отколку глупава ситна кавга.
- Одговори му „ДА“. Дури и ако умираш од страв, дури и ако подоцна ќе зажалиш, затоа што ќе се каеш цел живот ако сега му кажеш „НЕ“.