За да избегне плаќање на хотелската сметка, маж во Кина се обидел од хотелот да избега низ прозор по телефонските кабли со кои биле поврзани двете згради. Но среќата не била на негова страна – тој се заглавил во телефонските кабли, а цела среќа што избегнал контакт со високонапонски кабел во близина.
Како што може да се претпостави, неговата мисија не завршила успешно.
На снимката се гледа како мажот виси на 60 метри високи кабли. За негова среќа полицијата успеала навремено да реагира.
– Мажот поминал без повреди и сега е безбеден – соопштено е од полицијата.