Манекенката Алексис Рен и нејзиното поранешно момче Џеј Алварез кои се прославија со патувањата низ светот и снимањето на видеа од егзотични локации важеа за еден од најубавиот пар во светот.
Сепак, без оглед на нивната заслепувачка убавина, љубовната врска не издржа и со тоа по којзнае кој пат се докажа дека ништо не е вечно и совршено.
Емотивно повредената Алексис ја искористи социјалната мрежа Твитер за да си олесни на душата, при што во нејзините објави најпрво поранешното момче го нарече кретен, а потоа се задржа и на големината на неговиот пенис.
– Манипулираше со мене до самиот крај, ги премина сите граници за да ме скрши и на крајот јас да испаднам виновна за крајот на врската. Најверојатно врската веќе не беше од полза за неговата кариера – напиша разочараната убавица.
– Љубовта нè прави слепи, но можам да кажам дека почувствував дека нешто не е во ред – додава таа.
– Алексис призна дека на почетокот секоја врска е убава, но дека славата ги менува луѓето, а на крајот…
– Исто така да знаете дека има и многу мал пенис – заклучи таа.