Нов Зеланд во трка со времето за спас на стотици китови

popara10 февруари, 20171min00
10

Повеќе стотици граѓани на Нов Зеланд учествуваат во акцијата за спасување на китови кои се насукале на брегот на Фервел Сплит на Јужниот остров, пишува BBC.

Како што се наведува вкупно 416 китови се насукале, а досега угинале повеќе од 300, што досега не се случило на Нов Зеланд. Преживеаните китови граѓаните, кои направиле човечки синџир, ги „ладат и смируваат“.

Научниците не можат точно да ги објаснат причините, зошто толку многу китови се насукале на овој брег. BBC пишува дека некогаш се случува старите, болните или повредени китови да направат грешка во навигацијата и да влезат во плитка вода од која потоа не можат да излезат.

Исто така понекогаш се случува кит да се најде во таква ситуација, а потоа тој да испрати сигнал до останатите кои завршуваат на ист начин.

Властите на Јужниот остров соопштија дека во четвртокот вечерта ја добиле информацијата дека китовите се насукале на брегот, но бидејќи било опасно да се работи во темнината, операцијата за спасување ја стартувале во петокот, во раните утрински часови.

Невладините организиции за заштита на животните на Нов Зеланд објавија дека земјата има една од најголемите стапки на смртност, односно дека околу 300 китови и делфини секоја година завршуваат на плажите, а најмногу од тие случаеви се токму на Фервел Сплит.

Пред две години, во февруари 2015 година, околу 200 китови се насукале на истата локација, а угинале половина од нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag