Кучето кое го доби името Вера со последни сили се довлечкало до ветеринарниот центар, слаба, изнемоштена и со скршена нога.
Ветеринарите веднаш и пружиле помош, но забележале дека сеуште дои и ѝ тече млеко. Сфатиле дека Вера е дојдена тука со причина, и ѝ ставиле поводник и ланец, а таа ги одвела на неверојатно патешествие…
Вера одела со скршената нога речиси 4 километри за да ги донесе ветеринарите до нејзините новородени кученца!
Знаеше точно што прави. Ме водеше со скршена нога 4 километри за да ме донесе до кутрињата. Во очите ѝ видов дека ми верува, иако ме познаваше само еден час. Знаеше дека сум тука да ѝ помогнам на оваа повредена и изгладнета мајка – вели Елен Собри од ветеринарниот центар.
https://www.youtube.com/watch?v=ytTXuxaeK04