Познатиот ловец Теунис Бота од Јоханесбург, Јужна Африка почина за време на лов на слонови во Гваи, Зимбабве. Освен што беше ловец, Бота често водеше и странци во лов на лавови и други животни.
Додека бил на лов во Зимбабве, 51-годишниот ловец и неговите пријатели здогледале стадо слонови. Претчувствувајќи ја опасноста, три од животните јурнале кон ловците и Бота пукал во нив. Но, тој не видел дека четвртиот слон одел токму кон него, од страна. Слоницата го кренала во вис, но во неа пукале другите ловци. Убиената слоница паднал директно врз ловецот, прегазувајќи го до смрт.
Зад себе оставил жена и пет деца. Бил познат и како ловец на лавови и леопарди, пишува Bored Panda.