Оглас кој расплака многумина: Баба нуди бесплатно сместување на студенти, а за возврат моли само за едно нешто

popara29 септември, 20171min00
13

На еден од најпознатите сајтови за огласи во Србија осамна покана која навистина звучи неверојатно. Во прашање е понуда за сместување во стан од 150. квадрати на Француската улица во Белград со клима, камин, тараса, интернет и паркинг.

Како што се наведува во огласот, постара, ситуирана и толерантна госпоѓа, која живее сама, би пружила бесплатно, исклучиво на женска особа, вредна студентка, да живее со неа до крајот на студиите.

Како што стои во текстот, газдарицата на станот е при здраб разум и ведар дух, со неодамна нарушена здравствена состојба поради стрес и ненадеен губиток на сакана личност.

Имала инфаркт и полесна хируршка интервенција, после која успешно се опоравила. Она што е посебно важно е дека овој оглас не е од личност на која и е потребна помош и грижа па за возврат да го дава станот бесплатно.

– Овој оглас го огласил роднина во договор со бабата, поради тоа што сите од семејството сме со обавези и сакаме некој примерен да живее во станот со нашата роднина за да биде безбедна и таа и ние, да не е сама. За возврат очекуваме да е девојката одговорна, чесна, воспитана, хумана и нормална, да се однесува како да е во своја куќа и со својата баба – пишувало во огласот кој го објави српски Курир.

Од неа не се бара да биде медицинска сестра ниту чистачка за бабата, освен да купи по некоја намирница за дома или лекови… тоа е се.

Малку е да се каже дека овој оглас предизвикува солзи кај оние што го прочитале. Огласот е привлечен но сеуште отворен, во потрага по добра девојка која ќе живее со оваа осамена бабичка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag