Ова дете преживеало само 4 дена во дивината: Кога раскажало што јадело и пиело, полицијата не можела да верува

popara19 јуни, 20171min00
15

4-дневната драма на 4-годишниот Дима Песков од Русија и неговото семејство го обиколи светот. 

Малиот Дима Пасков исчезнал во текот на кампувањето со своите најблиски и четири дена минал осамен во дивината.

Се почнало кога неговиот татко Андреј го повел детето во шумата да сечат дрва, но на малиот Дима тоа брзо му здодеало и татко му го пратил кај неговата мајка, која била оддалечена на 50 метри. Но, како што тоа се случува со децата, Дима некако успеал да скршне од патот и да се изгуби.

Во потрагата учествувале дури 2.000 луѓе, а целиот случај бил доведен на национално ниво. Волонтерите кои учествувале во потрагата ги лоцирале стапките на Дима во близина на кампот, но нуркачите и дроновите не давале никакви резултати. Шансите за наоѓање на Дима се намалиле кога била видена мечка на тоа подрачје, но по три дена се јавиле локални рибари кои пријавиле дека виделе дете слично на описот на Дима.

Сепак, потрагата ја сопрело невреме, а следниот ден Дима бил пронајден како лежи во дупка во дрво, на седум километри од местото на исчезнувањето.

– Кога го пронајдоа, Дима беше мокар, по телото имаше видливи рани од комарци, а кога се смири и дојде на себе, раскажа дека јадел трева и пиел вода од мочуриште – изјавил рекол Павел Карпенко, припадник на специјалната полиција кој го пронашол детето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag