Рускиот претседател Владимир Путин е познат како личност полна со тајни која не зборува премногу за себе, но затоа неговите поранешни и сегашни соработници повремено откриваат по некоја негова тајна.
Путин не е „заштитен“ од чудните навики, а според пишувањата на медиумите, ова се 11 најнеочекувани навики на еден од најмоќните луѓе на светот.
1. Путин спие до доцна, а првиот оброк го јаде напладне.
2. После секој доручек оди на пливање бидејќи со оваа активност најдобро мисли.
3. Тајно е крстен во православна црква кога религијата во СССР некогаш не била дозволена.
4. Путин не живее во Москва. Смета дека градот е премногу загушен и работи од својата палата која е сместена надвор од градот.
5. Има црн појас во џудо.
6. Работел на школска радио станица и често ги пуштал Битлси.
7. Луѓето кои му се блиски го нарекуваат „Цар“, а пред тоа го викале „Шефе“.
8. Го мрази интернетот, го смета за небезбеден и збунувачки за луѓето.
9. Додека растел, обожавал шпионски романи и серии.
10. КГБ во 1985 година го испратиле на тајна задача во Источна Германија каде живеел под името „Господин Адамов“.
11. Путин не пуши и ретко пие алкохол.