Оваа теорија на заговор тврди дека светот може да го снема на 16 февруари

popara1 февруари, 20171min00
4

Што правите на 16 февруари? Ако е важно, можеби ќе сакате да го поместите за неколку дена.

Минатата година, НАСА забележала гигантски објект како се движи низ вселената кон нас. Со големина од околу 0,48 до 0,96 километри, беше именуван „2016 WF9“.

Но пред да почнете да паничите, НАСА изјави дека објектот ќе не помине безбедно на 25 февруари, со дистанца од околу 51,5 милиони километри.

Но затоа што сега живееме во време на лажни вести, многу луѓе чувствуваат дека не можат да им веруваат на медиумите, па дури ни на добрите луѓе во НАСА.

Неодамна се појави и сомнителен руски астроном по име Др. Диомин Дамир Захарович, кој тврди дека НАСА не лаже и дека сите сме соочени со смртна опасност. Тој тврди: „Објектот што го нарекуваат WF9 го напушти Нибиру системот во октомври кога Нибиру почна да се ротира во спротивна насока од часовникот околу Сонцето. Од тогаш, НАСА знае дека тоа ќе ја удри Земјата. Но, тие до сега не им го кажуваат ова на луѓето. Ако астероидот ја удри Земјата, тој вели, тој би можел да уништи градови или да предизвика цунами. Сите сме во опасност.“

Захарович мисли дека објектот всушност ќе не удри на 16 февруари, една недела пред датата на која НАСА тврди дека тој ќе не одмине.

Неговата теорија на заговор не се завршува тука. Захарович верува во постоењето на планета наречена „Нибиру“ (понекогаш нарекувана „Планета Х“), која наводно се наоѓа на работ на нашиот Сончев систем, и која самата ќе ја удри Земјата во октомври.

Но, од НАСА тврдат дека ништо од ова не е точно.

„Нибиру и други приказни за напредни планети се интернет измама. Очигледно, таа не постои.“

И само да ве увериме да не се грижите, еве го официјалниот став за 2016 WF9:

„Трајекторијата на 2016 WF9 е добро разбрана и објектот не претставува закана за Земјата во блиската иднина.“

Ние одбираме да и веруваме на НАСА отколку на теоретичарите на заговори.