Јоана Воткинс е мажена, но ако му се приближи на нејзиниот сопруг, таа може да го ризикува својот живот.
29-годишната жена од Минесота има тешка форма на пореметување наречено синдром на активација на мастоцитите, што значи дека таа е алергична на речиси сé, вклучувајќи хемикалии, околината надвор, прашина и мирисот на повеќето луѓе, а до сега таа нема реагирано на ниту еден третман.
Нејзините алергиски реакции варираат од исипувања, болки во коските, губење на свест и анафилактички шок, според Fox 9.
Таа живее со нејзиниот сопруг во куќа на пријател, додека домот на двојката се реновира за Јоана.
Но, Јоана живее во затворена соба на горниот спрат сама, со прочистувачи на воздух.
Нејзините алергии се толку сериозни што нејзините пријатели не готват во куќата. Таа може да пие само вода и е алергична на повеќето видови на храна. Таа јадела два исти оброци во текот на целата мината година.
Таа ја напушта куќата само за медицински прегледи и итни случаи.
Таа изјави за Fox 9: „Откако ќе се отвори вратата, го чувствувам тоа. Моето тело целосно се спрема за напад. Се чувствувам како моето тело да води војна само со себе. Грлото автоматски ми се стегнува. Се чувствувам како да ме дават.“
Јоана исто така изјави за BBC дека таа и сопругот имаат вечерни состаноци каде и двајцата гледаат една серија во посебни соби во исто време и си праќаат СМС пораки додека гледаат.
Единствените луѓе на кои Јоана не е алергична се нејзините брат и сестра, кои ја посетуваат еднаш неделно.