Фустанот на преклоп е совршено парче за ова лето затоа што истовремено е едноставен, опуштен и неверојатно елегантен. Може да се носи во секоја прилика, во текот на денот, во град или на плажа, но и како вечерна варијанта.
Може да се комбинира со високи потпетици, рамни чевли, сандали итн.
Со неколку вакви парчиња можете да го поминете целото лето.