Пакистанскиот пејач Атиф Аслам го прекинал својот концерт во Карачи кога забележал група момчиња како злоставуваат една девојка во првите редови.
Аслам ја прекинал песната кога го забележал злоставувањето и ги повикал момчињата дофрлувајќи им да се однесуваат како човечки суштества.
„Вашата мајка или сестра би можела да биде тука“, им рекол.
Потоа тој ја подигнал девојката на бина и ги замолил организаторите да и најдат друго место.
Воодушевената публика потоа на глас го скандирала неговото име.
Овој џентламенски потег му донел многубројни пофалби од луѓето ширум светот, а некои кои претходно не го сакале, сега рекле дека го почитуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=dqkWcxK3Igw