На Политехничкиот институт во Њујорк било спроведено истражување со кое се докажало дека новите технологии како паметните телфони или таблет уредите го нарушуваат сонот и влијаат полошо да спиеме.
Со истражувањето е откриено дека оние кои поминуваат два или повеќе часа пред уредите со позадинско осветлување како што се паметните телефони или таблет уредите го потиснуваат мелатонинот.
Тоа потиснување може да доведе до проблеми со спиењето, особено кај тинејџерите. Научниците истакнале дека овие уреди треба да се избегнуваат да се користат непосредно пред спиењето.