Во близина на Зеница, Жарко Хргиќ (60) седмата зима ја дочека во пештера кај Бабина река, која претходно била складиште на каменолом.
Порано овој човек имал нормален живот со семејството, а сега ги има само кучињата кои му прават друштво и за кои се грижи.
Од сопругата се развел пред 30 години, а има и син со кој не е во контакт. Својот стан во Зеница го изгубил по војната и затоа ден денес живее вака.
Раскажува дека на овој начин сакал да се оддалечи од луѓето.
– Ова место го најдов пред 30-тина години. Кога живеев во град кај ова место поминував и одев на капење. Во зима е подобро да се биде во пештера, отколку во есен или пролет. Единствен проблем ми задава водата во пештерата. Внатре е топло. Каменот е специфичен затоа што во зима е топол, а во лето ладен – раскажува Хргиќ.
Луѓето во околината редовно му помагаат. Хргиќ вели дека сака да живее сам, затоа што со луѓето често има несогласувања и проблеми.