Писмото на една мајка до своите деца

18 октомври, 20170
9

Еден ден кога моите деца ќе бидат доволно големи за да можат да ја сватат логиката која ги води родителите, ќе им кажам:

– Те сакав доволно за да те прашам каде одиш, со кого си и кога ќе се вратиш.

– Те сакав доволно за да инсистирам да штедиш и сама да си купиш велосипед, иако имавме доволно пари за да можеме да ти го приуштиме тоа.

– Те сакав доволно за да молчам и да дозволам самата да сватиш како твојата најдобра пријателка те искористува.

– Те сакав доволно за да ти висам над главата два часа додека не ја наместиш својата соба – работа за која ти требаат 15 минути.

– Те сакав доволно за да ти дозволам да ја видиш лутината, разочарувањето и солзите во моите очи (децата мора да научат дека нивните родители не се совршени).

– Те сакав доволно за да ти дозволам да ги искусиш последиците од она што го правиш, дури и кога тие беа премногу болни и ми го кршеа срцето.

– А најмногу од се, те сакав доволно за да ти кажам НЕ и кога знаев дека ќе ме мразиш поради тоа. Беа тоа најтешките битки. Драго ми што ги сакав толку бидејќи на крајот, тоа се твоите победи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi