Планкот е една од најпопуларните и најефикасни вежби во светот. Не само што ги активира стомачните туку и мускулите од целото тело.Со само 5 минути дневно ќе бидете изненадени од резултатите.
Планкот е статична вежба во која најважно е правилно да го држите своето тело.Суштината е да издржите колку можете подолго на рацете и нозете.Со активација на повеќе групи на мускули како резултат ќе добиете посилен грб, затегнат задник, тонирани нозе, рамен стомак и тонирани раце.
Почнете со 10 секунди на ден и зголемувајте секој ден по 5 или 10 секунди.