Неодамна во еден српски весник осамна необичен оглас за вработување, кој е наменет за сите оние што сметаат дека имаат способности да бидат нинџа-воини. Се бараат дури шестмина кандидати со акробатски вештини, познавање на јапонската традиција и историја и секако борачки вештини.
Каков вид тајни мисии и операции има работодавецот на ум, засега не е познато, но сигурно станува збор за нешто мистериозно и возбудливо, како што и доликува на еден повик за нинџа воини.
Доколку ви одговара овој профил, можеби токму ова е вистинската работа за вас.