Според списанието „Форбс“, Бетанкур беше 14. најбогата личност на светот.
Наследничката на француската козметичка куќа „Лореал“, Лилијан Бетанкур, е најбогата жена на светот која во последните години од животот страдала од деменција. Таа почина на 94-годишна возраст, соопшти денеска нејзиното семејство.
„Лилијан Бетанкур почина синоќа во својата куќа. Мојата мајка мирно нѐ напушти“, соопшти ќерка ѝ Франсоаз Бетанкур Мејерс, пренесува AFP.
Бетанкур беше 14. најбогата личност на светот, според пишувањето на магазинот „Форбс“, кој нејзиниот имот во март го процени на 39,5 милиони долари.