Во болницата била примена во текот на април и постојано лежела во кревет без никаква можност да зборува.
Некогаш најдебелата жена на светот, Египќанката Еман Абдул Ати од Абу Даби, починала само неколку денови после нејзиниот 37 – ми роденден. Поради појавата на срцеви проблеми и откажувањето на работата на бубрегот, таа умрела во болницата каде била примена во текот на април. Таа постојано лежела во кревет без никаква можност да зборува или да извршува некаква активност.
Имала епилептични напади поради што ѝ се парализирала десната страна на телото. Со оглед на тоа што не можела да застане под скенерот, докторите ѝ велеле дека мора да ослабе што повеќе за да можат да ѝ ја снимат главата и да ѝ направат операција.
За многу краток период таа успеала да ја намали тежината, но проблемите се зголемувале. Докторите откриле дека Еман боледува од ретко генетско пореметување поради кое останувала гладна многу набрзо.
Минатата година Еман дала изјава за медиумите дека речиси 25 години не била во состојба да излезе од станот ниту да се помести од креветот. Нејзината состојба започнала да се влошува кога имала 12 години и кога добила сериозна паразитска инфекција поради што спас за нејзината тежина не постоела и тогаш.