
Индонежанецот Содимеџо, познат како дедо Гото, почина во своето село во провинцијата Јава на 146-годишна возраст. Иако многумина се сомневаа во неговите, Содимеџо поседувал валидни документи кои ја потврдуваа неговата возраст. Дедо Гото на 12.април бил пренесен в болница, откако му се влошила здравствената состојба, но шест дена подоцна на негово барање, ја напуштил болницата и се вратил во своето село.
„Откако се врати од болницата, јадеше само супа и пиеше малку вода. Потоа престана да јаде и да пие“, рекол неговиот внук Суријанто.
Кога, минатата година новинар на Би Би Си, го праша која е тајната за долг живот, Гото одговорил дека „најважное да бидеш трпелив и да си со луѓе кои те сакаат“.
Дедо Гото, во своето село бил вистински херој, кој на соседите често им раскажувал приказни за војната против Јапонија и холандските колонизатори.
Содимеџо бил погребан на локалните гробишта.