Под мразот на Антарктикот откриени се околу 100 нови вулкани

popara4 септември, 20171min00
4

Научници кои го истражуваат Антарктикот го открија најголемиот вулкански регион на Земјата, само два километри под огромната површина мраз која го покрива најјужниот дел од планетата.

Проектот на истражувачите на Универзитетот на Единбург откри речиси 100 вулкани, од кои највисокиот е речиси 4.000 метри.

Image result for Под мразот на Антарктикот откриени се околу 100 нови вулкани

Геолозите велат дека овој огромен регион го става во сенка вулканскиот ‘рт во Африка, кој моментално се смета за најзачестена концентрација на вулкани на светот.

Активноста на оваа површина може да има загрижувачки последици, предупредуваат.

Image result for Под мразот на Антарктикот откриени се околу 100 нови вулкани

„Ако еден од овие вулкани еруптира, може дополнително да го дестабилизира мразот на западот на Антарктикот“, вели експертот за глечери Роберт Бингам, еден од авторите на истражувањето.

„Било што што предизвикува топење на мразот – а, тоа е дефинитивно ерупција – ќе го забрза протокот на мраз во морето,” додава тој.

Сепак, сè уште немаат сознанија за активноста на овие вулкани и ќе истражуваат да знаат што повеќе во наредниот период.